Поткуп за гласање при избори се казнува со пет години затвор

Премиерот Зоран Заев вчера во Крива Паланка отворено ги повика бизнисмените и сопствениците на компании „да го отворат ќесето“ и да ги почестат работниците пред референдумот.

Во скандалозната изјава, Заев практично бара компаниите преку бонуси или плус плата да ги поткупат работниците да излезат и да гласаат на референдумот.

https://www.youtube.com/watch?v=63qu5t7nDn8

Професорот по право,  Димират Апасиев, на својот фејсбук профил посочи дека за покуп при избори и гласање, следува казна затвор најмалку пет години.

Во однос на скандалозната изјава на Заев, ставот на партијата на Апасиев, Левица,  ви го пренесуваме во целост:

 

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ знаат дека компаниите им се вистинскиот сојузник и дека нив треба да им се обраќаат. Тие знаат како да ја ефектуираат моќта што лежи во рацете на малкумина, на оние кои „можат да го одврзат ќесето“.
Социјалдемократијата знае дека на работниците треба да им се фрлаат трошки, да се поткупуваат, да се поигрува со нивната егзистенција, за да се скротува моќта на мнозинството.

Работничката БОРБА е таа што нас не’ дели од социјалдемократијата. Ние немаме „кесиња за одврзување“. Ние не се бориме за некој одозгоре да ни фрли трошки. Ние не се надеваме на вашата милостина. Ние не сакаме да бидеме скротени, туку планираме да си го земеме тоа што е наше! Вашите профити, кои ние ви ги правиме за вие да си ги земете – заради нив сме сиромашни, заради нив преживуваме, заради нив вие, помалубројни, не газите.

РАБОТНИЦИ, на 30-ти септември #Бојкотираме!
Оти овој договор не е за нас. Оти не се задоволуваме со трошки. Оти сме непоткупливи!
Овој т.н. „Договор“ не’ разделува, наместо да не’ зближува.
Нашето единство е тоа што ги плаши.