Пулската поморска полиција на седум наутички милји од брегот спаси 17 лице, кои скокнале од број кој понал да тоне.
Полицијата вчера попладне примила дојава дека бродот почнал да тоне, а со брза интервенција на тричлениот полициски екипаж, спасени се 15 странски државјани, двајца хрватски, скиперот и спасувачот на бродот, објави попладнево „Јутарњи лист“.
Во несреќата никој не е повреден, а на сопственикот на десетметарскиот брод кој потона, наложено му е во најкус можен рок да го извлече на површина.