Траект со околу 200 патници потона на реката Падма, недалеку од областа Муншиганџ во Бангладеш, околу 30 км југозападно од Дака, соопштија локалните власти.
Заменикот на комесарот Мохамед Саифул Хасан Бадал изјави дека се спасени 44 патници со бродот „Пинак “.
Засега нема информации дали има мртви.
Во спасувачката операција учевствуваат тимови на бангладешката Служба за воден сообраќај и војската.