Најголемиот брод на Иранската воена морнарица потона во Оманскиот Залив откако се запалил под сѐ уште неразјаснети околности. Екипажот бил безбедно евакуиран, објави „Њујорк тајмс“.
„Сите напори да се спаси бродот беа неуспешни и тој потона“, ги пренесуваат светските медиуми информациите од полу-официјалната новинска агенција „Фарс“.
Причината за пожарот, кој започнал околу два часа по полноќ, засега не се откриваат. Бродот се наоѓал во близина на иранското пристаниште Јаск, околу 1.270 километри југоисточно од Техеран, во Оманскиот залив, во близина на стратешкиот теснец Хормуз.