Потона педалинка во Охридско Езеро

Секторот за внатрешни работи од Охрид соопшти за инцидент што викендов се случил на Охридското Езеро, што минал без повредени лица.

Станува збор за инцидент случен на 31 август, кога потонала педалинка што за рекреација ја изнајмиле три млади лица од Гостивар.

Имено, во 14.15 часот 21-годишно лице од Гостивар пријавило дека околу 13.10 часот педалинката што заедно со уште две лица исто така од Гостивар ја изнајмиле на плажа и со која се возеле по езерото, почнала да тоне на оддалеченост од триесеттина метри од брегот. Притоа двете лица испливале на брегот, а лицето што го пријавило случајот во полиција со помош на лица од друга педалинка што била во близина било префрлен на брегот.

На местото на настанот е извршен увид, а по добиените насоки од јавен обвинител педалинката е одземена и со записник предадена на полициски службеници.