![belgrad-splav](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/belgrad-splav.jpg?resize=696%2C416&ssl=1)
Познатиот белградски сплав „Картел“ потона синоќа по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои дошле да го следат концертот на сараевскиот рапер Цунами, пренесуваат српските медиуми.
Дел од гостите гостите скокале во реката Сава и пливале кон брегот кога сплавот потонал, како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи.
Според извештајот на РТС, по инцидентот од сплавот биле евакуирани 30 луѓе. Екипите на белградската Итна помош згрижиле 10 малолетници, додека двајца поради алкохолизирана состојба биле пренесени на Воено-медицинската академија.
Од Министерството за внатрешни работи соопштиле дека дојавата дека сплавот тоне ја добиле во 00:37 часот.
„Со пристигнување на местото на настанот во 00:44 часот, констатирано е дека сплавот тоне и дека е потребно да се евакуираат луѓето од сплавот и од водата. Потона мостот меѓу сплавот и брегот“.
Во инцидентот нема повредени.
View this post on Instagram