Најновата кинеска јуришна подморница со нуклеарен погон потонала претходно оваа година, изјави во четвртокот висок функционер за одбрана на САД, што претставува потенцијален срам за Пекинг бидејќи се обидува да ги прошири своите воени способности, пишува Reuters.
Висок претставник на американската одбрана, кој сакал да остане анонимен, рекол дека првата кинеска јуришна подморница со нуклеарен погон потонала покрај пристаништето во периодот некаде меѓу мај и јуни годинава
Портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон изјавил за Reuters дека тие не се „запознаени со ситуацијата“ и дека засега немаат информации.
Високиот американски функционер рекол и дека не е јасно што го предизвикало потонувањето или дали во тој момент имало нуклеарно гориво во бродот. Инцидентот покренува прашања за „внатрешната одговорност и надзорот на кинеската Нароноослободителна армија врз кинеската одбранбена индустрија, која долго време е зафатена од корупција“, рекол американскиот функционер. „Не е изненадувачки што морнарицата на Нарооносолоботилената армија ќе се обиде да го прикрие“ ова тонење, додал.
Несреќата „покренува прашања за стандардите за производство и безбедност на првата во класа подморница на нуклеарниот погон на морнарицата кинеската армија, една од најнапредните платформи во кинеската одбранбена индустрија“, вели Џејмс Чар, експерт за одбрана за Кина во сингапуската Школа за меѓународни студии С.Раџаратнам. „Настанот нѐ потсетува и на потенцијалните стапици“ кога „се работи за ракување со нуклеарен материјал“, додава Чар.
Кина веќе ја има најголемата воена морнарица во светот, со над 370 бродови, а исто така започна со производство на нова генерација нуклеарни подморници. Од 2022 година, таа имаше шест подморници на нуклеарен погон со балистички ракети, шест јуришни подморници на нуклеарен погон и 48 јуришни подморници на дизел, според извештајот на Пентагон за кинеската војска.
Се очекува таа подморничка сила да порасне на 65 до 2025 година и 80 до 2035 година, објави американското Министерство за одбрана.
Кина во средата соопшти дека успешно лансирала ретка интерконтинентална балистичка ракета во Тихиот Океан, што веројатно ќе предизвика меѓународна загриженост во врска со растечките залихи на нуклеарно оружје на планетата.
Соединетите држави и Кина ги одржаа своите први разговори зна ниво на врховни воени команданти претходно овој месец, во услови на напори за стабилизирање на воените оноси и избегнување на недоразбирања, особено во регионалните жаришта, како што е Јужното Кинеско Море.