
Денеска претпладне на повече места ќе има услови за магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот малку до умерено облачно со сончеви периоди и топло за овој дел од годината.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец најизразен вдолж Повардарието.
Утринските температури се движат од 5 степени во планинските области, до 9 Целзиусови степени на југот. Максималните дневни ќе бидат во интервалот од 14 до 18 степени.
Во Скопје во утринските часови со услови за појава на магла, а попладне со сончеви периоди и мала облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во текот на денот ќе достигне до 15 степени.