Потпиша за Партизан го уапси полицијата во САД за дрога

Американскиот кошаркар Рашон Томас кој е нов член на Партизан, се соочува со проблеми затоа што е уапсен во САД поради поседување на дрога.

Томас бил застанат од полициските служби додека возел автомобил, а во него му биле пронајдени марихуана, екстази и масло од канабис. 24-годишниот кошаркар веднаш бил приведен, но службите го ослободиле поради кауција од 32.000 долари.

Рашон Томас во Партизан пристигна од италијански Сасари. И покрај тоа што е ослободен од полицијата, сепак, кошаркарот ќе мора да се јави на суд и да се брани, во спротивно може да добие затворска казна до десет години.