![jonson-dogovor-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/01/jonson-dogovor-1.jpg?resize=640%2C313&ssl=1)
Нова фабрика во Струмица и вработување за 1.500 лица. Американската компанија Џонсон Контролс денес го потпиша договорот со македонската Влада за изградба на втора фабрика.
Во присуство на премиерот задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев, вицепремиерот Владимир Пешевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, договорот го потпишаа директорот на компанијата Вили Ван-Лој и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.
Хајфт: Успешната соработка со Владата во Македонија низ изминатите години го отвори патот за следните чекори
Генерален директор Питер Хајфт, истакна дека две години по претходна инвестиција повторно се тука, што е потврда за нивниот успех и доказ дека се на вистинското место.
Успешното развивање на фабриката и успешната соработка со Владата во Македонија низ изминатите години го отвори патот за следните чекори. Нам ни е особено драго што моежеме да објавиме дека ќе ја градиме нашата втора фабрика во Македонија во слободната индустриска зона во Струмица и ќе го продолжиме позитивниот развој во државата, вели генералниот директор на компанијата.
Веќе се вработени 130 лица од кои дел се испратени на обука, а до крајот на годината се очекува вработување на уште 500 лица. Компанијата за неколку месеци ќе започне да работи како браунфилд инвстиција, а на пролет идната година ќе се отвори новоизградената фабрика кога ќе биде реализирана и бројката од 1.500 вработувања.
Особено нè…