Потпишана декларација за правата на Македонците во светот

декларација

Декларацијата како највисок акт на Семакедонскиот собир, се состои од 16 точки кои се однесуваат на правата и проблемите со кои се соочуваат Македонците во светот: проблемот со името, негирањето на македонската држава, нацијата, јазикот и културата, како и мешањето на странските држави во внатрешното уредување на земјата.

Оваа Декларација е прва од ваков вид и ќе биде доставена до Владата на РМ, до амбасадите на соседните земји и до земјите каде што живеат Македонци, како и до ООН.