Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и неговиот црногорски колега, Мвљудин Нухоџиќ во Охрид потпишаа Спогодба за соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе во Охрид. Спасовски посочи дека заедно со Нухоџиќ веќе дефинирале одредени активности во тој правец, и ја нагласи важноста на спогодбата.
Денешната средба и постата на делегацијата на министерството за внатрешни работи на Црна Гора, на чело со мојот колега г-динот Мевљудин Нухоџиќ, е уште една потврда за нашата извонредна соработка меѓу две пријателски држави коишто во целиот изминат период се поддржуваат една со друга, минуваат заедно по еден заеднички пат. Денес, разговаравме за многу важни теми кои се однесуваат на нашата безбедност, на регионалната безбедност, за глобалните предизвици коишто стојат пред нас, но и за можните решенија што треба да ги превземе преку иницијативи за взаемна соработка“, изјави Спасовски.
Двајцата министри разговарале и за европските, но истовремено и наши национални и регионални приоритети- борбата против организираниот криминал и тероризмот и справувањето со сите миграциски предизвици,при што биле презентирани дел од позначајните реформски активности што МВР ги реализираше изминатиот период во насока на воспоставување на оперативно но и нормативно квалитетен институционален систем за борба против организираниот криминал и корупција.
Од своја страна, пак министерот за внатрешни работи Нухоџиќ констатирајќи ги досега извонредно добрите пријателски и партнерски односи не само меѓу двете институции туку и меѓу двете држави, истакна дека постои и тоа како простор за натамошно продлабочување и унапредување на таа соработка. Нухоџиќ ја изрази подготвеноста на црногорското МВР но и на Владата на Црна Гора да и помогнат со своите искуства на Р.Македонија на патот кон целосното евро-атлантско интегрирање на нашата земја.