
Социјалдемократската партија на Германија (SPD), Зелените (Bündnis 90/Die Grünen) и Слободнaта демократска партија на Германија (FDP) го потпишаа во вторникот договорот со кој се утврдува како да се забрза зелената транзиција и да се модернизира големото германско стопанство, кога новата влада на трите партии ќе ја преземе должноста.
Новата тричлена коалиција, првата меѓу овие три партии на сојузно ниво и поради партиските бои наречена „семафор коалиција“, претставува крај на 16-годишното владеење на демохристијаните од сојузот на Христијанско-демократската унија (CDU) и Христијанско-социјалната унија (CSU) предводена од канцеларката Ангела Меркел, којашто не сакаше да се кандидира за уште еден мандат на изборите во септември.
Лидерот на социјалдемократите Олаф Шолц би требало во среда да биде потврден за канцелар во долниот дом на германскиот парламент Бундестагот и официјално ќе ја преземе должноста од Ангела Меркел во чии влади беше министер за внатрешни работи и за финансии.
Под мотото „Осмели се повеќе да напредуваш“ челниците на трите партии пред телевизиските камери го потпишаа договорот на 177 страници.
„Ова треба да биде утро за нов почеток“, изјави на потпишувањето Шолц.
Лидерот на либералните демократи, Кристијан Линднер, изјави дека изминатите неколку седмици биле посветени на договорите, а дека сега е време за акција.
„Од оваа седмица сакаме да работиме на остварување напредок. Немаме никави илузии, соочени сме до големи предизвици“, истакна Линднер.
Партиите во ноември го претставија заедничкиот рамковен договор, но париските бази на трите партии мораа да го одобрат пред потпишувањето, што беше сторено викендот и понеделникот.