Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација и Оперативно-техничката агенција

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорката на Оперативно-техничка агенција (ОТА) Марија Јаническа, потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Како што се наведива во соопштението од кабинетот на министерот Андоновски, со меморандумот се потврдува заедничката заложба во насока на подобрување, унапредување и развој на меѓуинституционална соработка, со особени заложби за унапредување на ИКТ, дигитализација и сајбер безбедност.