Потполно уживање во Ханиоти

Ханиоти е мала туристичка населба на источната страна од полуостровот Касандра на Халкидики, која ќе ви понуди огромно и потполно уживање…

Ханиоти се наоѓа на само 3 километри оддалеченост од Пефкохори, 4 километри од Полихроно и 7 километри од Неа Скиони; па така, и доколку понекогаш сакате да ја промените плажата на којашто се релаксирате, можете многу бргу да се префрлите на некоја од соседните, прекрасни плажи. Исто така, оддалеченоста од само сто километри од Солун, т.е. 183 километри од границата со Македонија го прави одлично место за посета на туристите кои не сакаат долги патувања.

Плажата во Ханиоти е приказна сама за себе. Ситниот, мек песок со одлично распоредени лежалки и барови на плажа, како и кристално сината и чиста вода, се надополнети од прекрасното мало паркче со палми во позадината, овозможувајќи ви во целост да се опуштите.

Iguana-Tours

Секако, опуштената атмосфера не застанува со заоѓањето на сонцето. Во вечерните часови, упатете се кон малиот плоштад во средината на Ханиоти, каде што се наоѓаат најдобрите кафе барови, ресторани, таверни и продавници и продолжете да уживате со пријатното приморско ветре…

Уверете се сами во убавините на Ханиоти, искористувајќи го специјалниот попуст за терминот од 24 до 29 јуни, за само 60 евра по човек!