Потпретседателката на САД повика на примирје: Жителите на Газа умираат од глад

Американскатат потпретседателка Камала Харис повика на итно спроведување на шестнеделниот прекин на огнот во Појасот Газа за да се овозможи проток на поголема помош во опколената палестинска територија и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

„Со оглед на огромното страдање во Газа, мора да има итен прекин на огнот, барем во следните шест седмици“, рече Харис во неделата, предизвикувајќи овации од оние што се собраа на 59-годишнината од „крвавата недела“ во Алабама, каде што полицијата ги соплвада американските демонстранти за граѓански права пред речиси шест децении.

Харис отворено го прозва Израел дека не прави доволно за да ја ублажи „хуманитарната катастрофа“ во Газа, додека администрацијата на претседателот Џо Бајден се соочува со зголемен притисок да го заузда својот близок сојузник додека во ворбата со милитантите на Хамас.

„Народот во Газа гладува. Условите се нехумани и нашата заедничка човечност нѐ тера да дејствуваме… Израелската влада мора да стори повеќе за значително да го зголеми протокот на помош. Нема оправдувања“, рече Харис.

Додаде дека Израел мора да отвори нови гранични премини, да не наметнува „непотребни ограничувања“ за испораката на помошта, да ги заштити хуманитарните работници и конвоите и да работи на обновување на основните услуги и унапредување на редот за „повеќе храна, вода и гориво да можат да стигнат до оние на коишто им се потребни“.