Потпретседателскиот кандидат на Трамп ја повика Америка да „избере нов пат“

Сенаторот Џејмс Дејвид (ЏејДи) Ванс, кој беше избран од Доналд Трамп за негов потпретседателски кандидат, ги повика Американците на конвенцијата на Републиканците во Милвоки во средата да „изберат нов пат“ што ќе ги стави работниците во самото средиште.

„Ќе бидеме обединети во поддршката“, рече Ванс во говорот на митингот на неговата партија каде што 39-годишниот сенатор официјално ја прифати својата номинација за позицијата американски потпретседател доколку Трумп победи на изборите во ноември.

Ванс ја пофали „извонредната визија“ на Доналд Трамп за која рече дека е „толку едноставна, а сепак толку моќна“ и рече дека неговиот табор ќе се посвети на работникот, ветувањето на слоганот „Да ја направиме Америка повторно голема“.

„Завршивме, дами и господа, со служењето на Волстрит. Ќе се посветиме на работниот човек“, рече сенаторот од сојузната држава Охајо, некогаш бастион на американската индустрија.

ЏејДи Ванс, кој потекнува од скромно семејство во малиот град Мидлтон, во Охајо, рече дека луѓето таму „зборуваа што мислат, градеа со своите раце и го сакаа Бога, своето семејство, својата заедница и својата земја со сето свое срце“.

„Но, тоа беше и место кое беше отфрлено и заборавено од американската владејачка класа во Вашингтон“, рече Ванс, обвинувајќи ги „политичарите од кариера“ како претседателот Џо Бајден, за кој истакна дека е во политиката подолго отколку што е жив, за уништување заедниците како неговата со лоши трговски политики и војните во странство.

Тој, исто така, повеќепати ги повикуваше работниците и луѓето од средната класа во Мичиген, Пенсилванија и Висконсин, трите држави кои веројатно ќе одлучат за изборите на 5 ноември, да им се придружат.

Опишувајќи го своето животно патешествие од тешкото детство до американските маринци, дипломирањето на престижниот Правен факултет на Универзитетот Јеил и конечно до Сенатот на САД, Ванс им се претстави на Американците како некој што ги разбира нивните секојдневни борби.

Ванс е познат и како автор на успешната книга „Hillbilly Elegy“ (Елегијата на горштакот – врз основа на која Netflix направи серија), во која ги истражува социоекономските проблеми со коишто се соочува неговиот роден град и кругот на сиромаштија кој ги зароби Американците во Алапачките гори, од кад потекнуваат неговата мајка и нејзиното семејство. Книгата го критикува она што Ванс го гледа како автодеструктивна култура во рурална Америка и се обидува да ја објасни популарноста на Трамп меѓу осиромашените бели Американци,

Тој бил израснат од неговите баба и дедо по мајка, кои биле рудари во јагленокоп од Апалачките планини, сега една од најсиромашните области во земјата. Во својот говор тој ѝ оддаде посебна почит на својата неодамна почината баба. Ја поздрави својата мајка Беверли, која со години се бореше со зависноста, но ја надминала.

„Горд сум што можам да кажам дека мајка ми е тука вечерва, десет години чиста и трезна. Те сакам мамо“, рече Ванс.

Венс им се придружил на маринците четири години и служеше во Ирак. Потоа студирал на Универзитетот во Охајо, каде што дипломирал политички науки и филозофија. Потоа заминал во Јеил да студира право и ја напишал успешната книга „Hillbilly Elegy“ во која детално го опишал своето воспитување. Потоа се преселил од Охајо во Калифорнија каде ја продолжил својата кариера во науката и соработувал со Питер Тиели (основач на PayPal). Тиел даде 10 милиони долари на почетокот на 2021 година за да го поддржи Ванс како кандидат за Сенатот.

Како голем поддржувач на работничката класа, Ванс рече дека е доволно „увоз на странски работници“. „Ќе се бориме за американските граѓани, нивните работни места, нивните плати“, вети Венс, обвинувајќи ги демократите дека „ја преплавиле земјата со милиони илегални имигранти“.

Тој, исто така, рече дека ќе се заложи да работи со своите сојузници за „да се одржи мирот во светот“.

Доколку 78-годишниот Трамп биде избран за претседател, ЏејДи Венс ќе стане третиот најмлад потпретседател во историјата на САД.