Потрага по шитеничка на домот „25-ти Мај“

Полицијата трага по тинејџерка, штитеничка на домот за деца без родители „25-ти Мај“, којашто нападнала девојче, па потоа побегнала од институцијата.

Вчера околу 15 часот пријавено е дека 14-годишна штитеничка на домот „25 мај“ се оддалечила од домот.

Претходно физички нападнала друга 12-годишна штитеничка на домот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.