Потрагата по четворица алпинисти исчезнати на Мон Блан

Потрагата по четворица алпинисти кои во саботата навечер се заглавиле во подножјето на Мон Блан поради лошото време, продолжи и во неделата, соопштија властите.

„Доцна во саботата попладнето добивме извештај за три тима кои се нашле во неволја недалеку од врвот на Мон Блан во многу лоши временски услови“, соопшти Планинската жандармерија (PGHM) на Шамони.

Два тима беа составени од по двајца Јужнокорејци, а третата екипа ја сочинуваа двајца Италијанци.

Двајцата Јужнокорејци беа извлечени на надморска височина од 4.100 метри, недалеку од превојот Бренва во неделата наутро, соопшти PGHM.

Влошувањето на временските услови ги спречи спасувачите да стигнат до другите два тима, кои сè уште не беа пронајдени во неделата во 18 часот.

„Подготвени сме да интервенираме во најбрз можен рок“, потенцираат од ПГХМ.