Канадски авион во потрагата по подморницата исчезната на патот кон остатоците од потонатиот легендарен пароброд „Титаник“, детектирал подводни звуци, објави американската крајбрежна стража.
Ова откритие во ворникот ги принудили тимовите за потрага да ги преселат своите подводни роботски операции „во обидот да го октријат изворот на тој звук“, објави крајбрежната страна во серија објави на Twitter во средата.
Пребарувањата на новите локации засега не беа успешни, но продолжуваат, се додава во соопштението на американскат акрајбрежна стража кој не го наведува карактерот на детектиранито звук или како е тој фатен.
Меѓутоа телевизијата CNN и магазинот The Rolling Stone, повикувајќи се на интерна комуниакција на американските власти, доцна во вторникот ноќта пренесоа дека кандадскиот авио на подраќјето во кое трае пребарувањето детектирал звук на удари во интервал од 30 минути.
The Rolling Stone, кој прв ја пренесе веста, пишува дека звукот е откриен со сонари на бови поставени во близина на подрачјето на исчезнување, како и дека дополнителен сонар, исто така, регистрирал звук четири часа подоцна. И CNN ја пренесе информацијата за тој дополнителен звук, но не го опиша како удари.
Подморницата „Titan“, со којашто управува американската компанија „OceanGate Expedition“, предвидена е за престој под вода до 96 часа, се наведува во нејзините спецификации, Петмината членови на екипажот, оттаму, би требало да имаат кислород за дишење до четвртокот наутро.
Во мини-подморницата во моментот на исчезнувањето биле капетанот и четворица патници, Пловилото го изгубил контактот ранот во неделата, еден час и 45 минути по почетокот на нурнувањето кое требало да трае два часа.
Компанијата „OceanGate Expedition“ со „Titan“ нуди посета до останките на потонатиот легендарен брод за 250.000 долари по место, според официјалните мрежни страници.
Еден од патниците во исчезнатата подморница е британскиот претприемач и милијардер Хамиш Хардинг, чијашто воздухопловна компанија на социјалните мрежи објави информација за неговата експедиција. Хардинг, 58-годишен авијатичар и вселенски турист, е шеф на „Action Aviation“, во неделата на својот профил на Instagram објави дека со гордост се приклучува на експедицијата на „OceanGate Expedition“
Во подморницата се и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман. Давуд е потпретседател на пакинстанскиот конгломерат „Engro“, компанија со седиште во Карачи со порфетили во енергетиската, земјоделството, петрохемијата и телекомуниакциите.
Меѓу патниците е, веројатно, францускиот океанограф Пол-Анри Наргеоле, стручњак за „Титаник“.