-0.2 C
Skopje
четврток, декември 19, 2024

Потребен е нов клинички центар со соодветна инфраструктура

На денешната трибина на тема „Состојбите во здравството“ која што се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше Д-р Ристо Симеонов кој што ја истакна потребата од нов клинички центар на соодветна локација, со соодветна инфраструктура, достапен за пациентите и финансиски оправдан во интерес на буџетот на државата.

– Се согласувам дека има потреба од нов клинички центар, меѓутоа тој да биде на соодветна локација, со соодветна инфраструктура достапен за пациентите за медицинскиот персонал, достапен за амбулантните возила, пред се финансиски оправдан, во интерес на пациентите и во интерес на буџетот на државата. Лично мислење мое е дека соодветно место за нов клинички центар е просторот кај сегашната 8 ми Септември болница каде што веќе има постоечка инфраструктура, болничка инфраструктура, каде што постои пет центар кој што може да се надополни со онколошки центар и нуклеарна медицина, просторот кај поранешната кардиохирургија кај Филип Втори може да биде современ ургентен хируршки центар со операциони сали, ќе ги има сите клиники што ги има сегашниот клинички центар, на местото на сегашниот клинички центар во ред е да останат одредени клиники, институти, медицинскиот факултет, студентите заслужуваат современ студентски кампус каде што е сега клиничкиот центар, модерен тренинг центар за студенти и специјализанти и сето тоа може финансиски да биде оправдано со многу и помалку средства од предвидените 500 милиони евра за клинички центар за кои што нема основни податоци ниту инфраструктура само за пример клиничкиот центар во Белград во вредност од 260 милиони евра за популација на градот од 1,4 милиони односно 7 милиони на држава Србија, нагласи Симеонов.

Д-р Ристо Симеонов при своето обраќање ги истакна и проблемите во здравството со кои се соочува Македонија како и лошото менаџирање на здравствениот систем и лошата организација од страна на здравствените власти.

– Проблемот во здравството е организацијата, менаџирање со здравствениот систем, едукација и стварање на квалитетен кадар. Во зависност од потребите на здравствениот систем треба да се направи прераспределба на кадар онаму каде што има недостаток, затоа има недостаток на гинеколози, педијатри анестезиолози, во болници низ Македонија и не треба да се централизира сите доктори специјалисти да работат во Скопје, треба да се направи прераспределба на кадар онаму каде што има недостаток, заклучи Симеонов.

Д-р Ристо Симеонов при своето обраќање истакна дека во јавното здравство има исто така квалитетни доктори како и во приватното меѓутоа проблемот е организацијата, менаџирањето, едукацијата и системот на награди.

– Јас сум доктор во приватно здравство, меѓутоа свесно тврдам дека квалитетни доктори има и во јавното здравство. Во јавното здравство проблемот е организација на системот менаџирање едукација и награда. Тие доктори во јавно здравство кои што двојат од останатите треба да им се најде модул како да бидат наградени. Еден од начините е да му се даде право на пациентот на здравствен систем меѓутоа сето тоа регулирано преку фондот за здравствено осигурување. Тоа е конкурентност, која ќе роди со квалитет. Системот на награда треба да се одбере соодветен модел без притоа да се наштети на некој а да се награди другиот. Постојат такви модели на пример во Словенија конкретно за хирургија, наградата е според бројот на поминати часови во операциона сала, нагласи Симеонов.