Потребен е Судски совет кој ќе го разбистри политичкото мочуриште

-Не можеме да направиме целосно распуштање, ниту пак можеме за така кратко време да ги детектираме аномалите, но можеме да избериме Судски совет кој што објективно, без партиски стеги, без интереси ќе може да го разбистри ова политичко мучуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судите се однесуват, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки, вели во изјава за медиумите Мицкоски.

-Во изминативе месеци се запознавав детално со начинот на функиоционирање, на избор, институционална меморија и се она што е поврзано со судско-обвинителскиот ситем. Кога нешто не знам, се трудам да седнам и да го научам и заедно со сите луѓе кои работаат во Министерството за правда, со заменикот, со државниот секретар, со пратениците и пратеничките групи, анализираме, споделуваме искуства, бараме решенија и така натаму. Не е тајна ако кажам дека граѓаните не се задоволни како функционира судско-обвинителскиот систем, дека тоа е едно мучуриште кое изобилува со многу контраверзии и скандали, изјави Мицкоски и додаде: „Доколку парламентарците изгласат недоверба или интерпелација на членовите на судскиот совет, мислам дека истите ќе бидат доблесни и ќе се повлечат“.

-Цениме дека треба да се удри во чело, да не се обидуваме да импровизираме, да правиме импланти, а ударот во чело подразбира дека сето што е во ингиренции на Парламентот, а тоа е изборот на членови на Судскиот совет, таму каде што се бираат таму и да се се изгласа и Интерпелација. Јас се надевам дека доколку парламентарците изгласат недоверба или интерпелација на членовите на судскиот совет, мислам дека тие ќе бидат доблесни и ќе се повлечат, вели Мицкоски.

Претходно премиерот на социјалната мрежа на Фејсбук објави дека денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива во Собранието за разрешување на Судскиот совет, и покрај сите укажувања на експертите дека тоа е притисок и мешање во судството и досегашните смени кои покажаа дека во независни тела се именуваат партиски луѓе.

Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој е главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македониjа мора да победи!“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Ова ја објаснува упорноста со која деновиве се води кампања околу прегазувањето на девојката Фросина Кулакова чија трагедија е искористена за да се тврди дека е трул сосема судскиот систем во државата, со повикување на протести од страна на ВМРО-градоначалници и партиски соопштенија со кого работела судијката, кому изнајмувала деловен простор и слични манипулации за да се потчини судството повторно на политиката, напиша во својата објава Мицкоски.