2.8 C
Skopje
среда, февруари 26, 2025

Потребни се брзи избори, власта доби црвен картон од народот

Разликата на советничките листи во првиот круг од изборите споредено со СДСМ е повеќе од 55 илјади гласови. Ако се земат првиот и вториот круг во предвид разликите со кои ВМРО-ДПМНЕ победи тогаш доаѓаме до 110 илјади гласови разлика, пишува на својата Фејсбук страница потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Потребни се брзи избори‼️

Победивме во 42 општини, плус градот Скопје.

Разликата на советничките листи во првиот круг од изборите споредено со СДСМ е повеќе од 55 илјади гласови.

Ако се земат првиот и вториот круг во предвид разликите со кои ВМРО-ДПМНЕ победи тогаш доаѓаме до 110 илјади гласови разлика.

Власта е делегимитирана и доби црвен картон од народот, затоа се потребни избори веднаш, пишува во својата објава Мисајловски.