Потребни се вистински мерки и контрола дали се спроведуваат

Недисциплината, играњето со мерките, постапките на Комисијата за заразни болести, одлуките на Владата, ние ништо не знаеме детално што се случува, само гледаме дека немаше мерки. Недисциплината и немањето мерки го дава овој резултат на енормни бројки на заболени и починати, рече доктор Игор Николов на гостувањето на телевизија Сонце.

Николов укажа на примерот на Франција, каде како што рече мерките дадоа резултат.

-На пример, во Франција имаше полукарантин. Луѓето одеа на работа и работеа, се водеше грижа за економијата, сега ги олабавуваат мерките, ама постигната е целта. Целта им беше да го намалат индексот на ширње на вирусот или имаа Р индекс 1,6 и стогнаа до 0,65. И сега се олабавуваат мерките. Тоа им беше плански,целта ја постигнаа на здравствен план, а сега бидејќи доаѓа Божиќ и тоа им е многу важно за нивната економија, истата ќе се раздвижи. Или го симнаа индексот на ширење и сега се подготвени за божиќните празници, рече Николов.

Според него кај нас нема мерки, и додаде „само зборат бараме кревети и лимитирање на работа на кафулиња и ресторани, но се изнајмуваат станови, куќи, се нарачува кетеринг за двесте луѓе, затоа требаат вистински мерки и да се контролира дали се спроведуваат“.

-Пикот што го имавме во април, потоа имаме раст во јуни кога делеа наводна социјална помош и сега во октомври одиме уште нагоре. Здравстевниот систем не одмори, индексот на ширење никогаш не се намали, кажа доктор Николов.