Потресна порака во кутија за чевли

Корисник на „Reddit” објави порака која ја пронашол во кутија за чевли.

Кога ја прочитал содржината бил повеќе од разочаран. Чевлите изработени во Етиопија биле спакувани заедно со порака.

„Жедни сме и премногу работиме. Цело време не надгледуваат. Помогнете ни“, пишувало на листот хартија кое момчето го пронашло заедно со чевлите. На пораката е нацртана личност која седи на столче и работи.

Фотографијата предизвика бурни реакции, но ова не е првата фотографија со повик за помош пронајдена во кутија од комерцијален производ.

Жителите на западните земји и претходно наоѓале и пријавувале слични пораки за производи кои се изработени во Кина.

„Human Right Watch“ (секторот за човекови права) соопшти дека е свесен за пораките со ваква содржина, но не може ништо да направи.