Потресни сведоштва од војната во БиХ: „Ме претепаа и ме силуваа со лопата“

Не се знае точниот број на жртви на силување за време на војната во БиХ, но се работи за десетици илјади. И тоа не само жени.

„Имав 14 години кога започна војната. Ме затекнаа во логорот каде секојдневно бев подложена на тешка физичка работа. Подоцна мене и уште три жени не одвоија од останатите и не однесоа во една куќа. Војниците пиеја, а ние им служевме како робови, по што не силуваа“, ова е почетокот на приказната на Лејла, која ја пишува БиБиСи.

А приказната на Лејла е само една од илјадниците останати кои се слични. Се проценува дека за време не војната во БиХ се силувани помеѓу 20.000 и 50.000 жени. Точниот број никогаш нема да се дознае бидејќи тие не сакаат да зборуваат за своите трауми. Стравуваат дека доколку проговорат, во општеството ќе бидат стигматизирани.

„Што повеќе војната тоне во минатото, на жените им е потешко да говорат за тоа. Сметаат дека општеството е уморно од се, дека општеството не сака да слуша за тоа што им се случило, дека сака да оди напред“, вели Нела Поробич од Меѓународната лига на жените за мир и слобода.

Научниците пак велат дека војната во БиХ создала своевидна хиерархија на трауми. Злосторствата кои се случувале помеѓу 1992 и 1995 гоина довеле до тоа сексуалното насилство да се третира како „помало зло“ од мачењето, убиството или етничкото чистење.

Случаите на силување во војната често се испратени во судовите од понизок степен во кои не постои никаква заштита на сведоците и во кои жртвите често мораат да сведочат пред своите напаѓачи.

Но, не се само жените жртви на силување во војната. Зихнија бил војник во армијата на БиХ, а и ден денс со треперлив глас говори за она што му се случило.

„Воената полиција ме одведе во некој подрум каде ме претеаа до бесвестица. Кога се пробудив еден од војниците зеде лопата, ми ја искина обката и ме силуваше со неа. Потоа ме фрли на подот. Мислеа дека ќе искрварам. Кога ќе изгубите рака или нога, тоа е нешто што можете да го видите, но не се гледа кога ве боли душата. Можеби изгледам како карпа, но јас сум само лушпа од човек. Само лушпа…“, ја раскажува својата приказна Зихнија.

За проблемот за сексуалното насилство ќе се говори на голема меѓународна конференција во Лондон со која ќе претседава британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг и славната актерка Анџелина Џоли, која минатиот месец ја посети БиХ.