Потрошувачите во еврозоната и следното лето очекуваат послаб раст на платите од инфлацијата

Потрошувачите во еврозоната очекуваат дека цените до следното лето ќе пораснат за повеќе од 3 отсто, а номиналните плати само малку повеќе од 1 отсто, покажа месечното истражување на Европската централна банка (ECB).

Следното лето инфалцијата би требало да изнесува 3,4 отсто, процениле потрошувачите во јулската анкета на ECB, што значи дека нивните очекувања се непроменети во однс на анкетата од претходниот месец.

За три години стапката на инфлацијата ќе изнесува 2,3 отсто, прогнозираат потрошувачите подгинувајќи ја проценката од претходниот месец за 0,1-процентен поен. Така анкетата покажува дека инфлацијјата во еврозоната, според проценката на потрошувачите, ниту за три години нема да се спушти до посакуваното ниво на ECB од 2 отсто.

Номиналните плати според потрошувачите, пак, во следните 12 месеци би требало да пораснат за 1,1 отсто, незначително послабо отколку што проценуваа во анкетата во јули. Номиналната потрошувачка би требало да се зголеми за 3,4 отсто, во согласност со процената од јуни.

Економијата во еврозоната следните 12 месеци би требало да се намали за 0,7 отсто, незначително посилно отколку што покажуваа јулските очекувања.

Стапката на невработеност следното лето ќе изнесува 11 отсто, што би значело дека горе-долу да се задржи на сега перципираното ниво. Тримесечните показатели, пак, покажуваат дека шансите за наоѓање работа во следните три месеца според процените на невработените испитаници паднале на 22, 9 отсто од 26,6 осто во април, утврдиле во ECB.