
Граѓаните на кои им се расипал некој електричен уред поради слаб напон или прекин на електричната енергија,ќе имаат право да бараат обесштетување. Регулаторна ќе бара од секој оператор на електродистрибутивниот систем да има посебна служба што ќе работи на оваа проблематика. А ќе има и гаранција за вработениот кој ќе одлучи во корист на потрошувачот, дека нема да добие отказ од работа. Ако пак операторите не се согласат да го обештетат потрошувачот тогаш одлуката ќе ја донесе тричлена специјална комисија.
Доколку при планиран прекин, за кој преку медиумите е известено, и истиот трае повеќе од предвиденото, трае повеќе од 12 часа, секој потрошувач ќе има право на стандарден надоместок на штетата кој ќе изнесува намалување на цената за користење на мрежата за 10 проценти доколку тој прекин бил до 12 часа, а за секои 20 часа ќе се зголемува за 10 проценти, вели Марко Бислимоски – претседател на РКЕ.
И компаниите ќе имаат можност да бараат обештетување.
Кај поголеми потрошувачи на кои им зависи производството од електричната енергија, операторот на системот и сега но и понатаму е должен да ги извести за прекин во снабдувањето директно преку меил, телефон или друг начин за времето на прекин и дека истата планирана“, вели Марко Бислимоски – претседател на РКЕ.
На почетокот на следниот месец ќе се распише меѓународен тендер за избор на универзален снабдувач. Од Регулаторна вчера гарантираа дека од наредната година нема да се зголеми цената на струјата за домаќинствата кои ќе ги снабдува универзалниот снабдувач. Гарантираа дека за нив останува и евтината тарифа.