Македонија е на дното на безбедност во светот кога станува збор за корона вирусот. Македонија ја нема на листата на „Форбс“ на сто најбезбедни земји во борба против корона вирусот. Македонија е на 103-тото место и е во друштво со островските држави Света Луција и Доминикана. Да Доминикана, а не Доминиканската Република. Помеѓу европските земји е на последно место, истакнува доктор Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите земји од регионот се подобро рангирани од нас. И за разлика од нас на оваа листа, како побезбедни се оценети Грција, Хрватска, Словенија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Значи Македонија не е безбедна по прашање на корона вирусот! Дури и во Вухан, од каде што започна ширењето на корона вирусот е побезбедно од Македонија. Македонија потфрли во однос на сите параметри по кои што е направена листата на „Форбс“. Потфрли по ефикасност на спроведените мерки, откривање на заразените и бројот на тестирања, ефикасност на здравствениот систем, како и подготвеност на владата во борба против вирусот“, рече др Николов.
Истакна дека додека речиси сите земји во опкружувњето прогласуваат победа во борба против короната, Македонија денеска најверојатно треба да прогласи капитулација.
„Кај нас Филипче и Заев шират и опасни тези, велат дека вирусот слабеел, дека тој секојдневно се шири и има се повеќе голем број на новозаболени, и секој ден има и починати. Неспособноста на владата предводена од СДСМ е опасна за здравјето на граѓаните. И во целата оваа ситуација Филипче и Заев глумат нормалност, и велат дека ова е „новата нормалност“, а Македонија се најде како прва вест во регионот како земја за која со зачуденост се говори за лошата ситуација со корона вирусот. Пред два месеци бројот на новозаболени беше 30, и еден или два починати, велеа дека тоа е пикот. И денес велат дека е пикот кога имаме трицифрена бројка на новозаразени и дупло од тогаш починати. Излегуваат и во јавност и лажат оти се е нормално, и дека се е под контрола. Сега и „Форбс“ ги демантира и ги разнебити нивните мерки. За ова мора да се сноси одговорност. Мора веднаш да се делува во насока на зачувување на здравјето на граѓаните, порача Николов.