Изреалец грабнат во текот на нападот на Хамас во јужен Израел на 7-ми октомври е убиен, потврди во саботата неговиот кибуц и здружението на семејствата на заложниците во Газа, ден откако палестинското движење објави дека тој загинал при неуспешен обид на израелската војска да го ослободи.
„Со голема така и скршено срце објавуаме дека Сахар Берух, на 25 години е убиен“, објави во сооштението Форумот на семејствата на заложниците и кибуцот Беери.
Таа населба на југот на Израел, неколку километри оддалечено од оградата и пунктовите на израелската војска на границата со Појасот Газа, според израелските власти било местото на еден од најбруталните масакри сторени на израелска територија со 80 убиени од 1.120 жители во нападот кои го изведоа милитантите од Хамас и нему придружените радикални движења.
Палестинските милитанти „го грабнале Сахар Баруг од неговиот дом и го однеле во Газа каде што го убиле“, се наведува во соопштението и се додава дека и братот на Сахар – Идан, исто така, бил убиен во нападот на 7-ми октомври.
Вооруженото крило на Хамас претходно во петокот објави дека обидот на израелските специјални сили да ги ослободат заложниците во Појасот Газа бил одбиен и притоа загинал еден заложник, додека на израелските сили им биле нанесени неколку воени жртви. Во објавата беше наведено дека станува збор за „заробениот израелски војник 25-годишниот Са’ар Барух“ кој загинал во текот на судирот.
Израелската војска доцна вечерта во петокот го призна неуспехот на операцијата за ослободување на заложниците во којашто биле ранети двајца нејзини војници.
„Ниеден заложник не е спасен… Бројни терористи кои учествувале во грабнивањето и чувањето на заложниците се убиени“, се тврди во објавата војската без да наведе податоци за судбината на другите заложници.
На платформата Telegram, Бигадите Изедин ал-Касам, военото крило на Хамас, објави дека нивните борци откриле единица на израелските специјални сили во обид да ги спасат заложниците и ја нападнале, при што убиле и раниле неколку војници. Наведена е и локацијата на судирот.
Израелската армија, кон крајот на октомври ослободи заробен војник од градот Газа откако започна да ја спроведува копнена офанзива во енклавата Појасот Газа, чија цел е да ги врати преостанатите 138 заложници, откако Хамас ослободи 105 заложници во замена за 240 палетински затовреници ослободени од израелските затвори во рамките на седумдневното примирје во Газа.