Во последното деноноќие во Македонија потврдени се 48 случаи на зараза со новиот тип коронавирус, со што вкупно во земјата 711 дијагностицирани пациенти, а согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани две претходно починати лица.
Севкупно со овие показатели бројот на смртните исходи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 32 лица, а излекуван е 41 пациент.
Едно лице од Лабуништа – Струга (63 години) за кое Министерството информираше на 5-ти април. Пациентот бил донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството информираше во четвртокот вечерта.
Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Двапати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.
Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 изнесува 711 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 284, Куманово – 168, Дебар – 49, Штип-21, Прилеп –50, Тетово – 31, Струга – 33, Велес – 18, Битола –8, Охрид –4, Кавадарци – 3, Гостивар –6, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 19, Пробиштип – 1.
Од 496 тестирање, преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067 тестирања на Ковид-19.