Апелационен суд Скопје како неосновани ги одби жалбите на обвинетите Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, и Катица Јанева за случајот „Рекет“ и ја потврди првостепената пресуда.
„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди“, информираат од Апелационен суд Скопје.
Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.
Ланскиот јуни шоуменот и поранешен неформален сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски-Боки 13 за обвинет за „Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари“ еправосилно беше осуден на затворска казна од 9 години.
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, пак, за „Злоупотреба на службената положба и овластувањата“ неправосилно е осудена на 7 години затвор