Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денеска во Џенова оствари средба со нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев.
На средбата било разговарано околу неговото враќање во репрезентацијата, а потврда дека двете страни успеале да ги усогласат своите ставови стигна по завршувањето на истата.
Среќен сум што повторно ќе бидам дел од репрезентацијата на Македонија. Разговаравме со новиот селектор и подготвен сум да се вратам во националниот тим. Помина долго време од мојот последен настап за Македонија и искрено воопшто не ми беше сеедно. Напротив, тешко ги поднесував сите случувања поврзани со репрезентацијата, но тоа е период кој е зад нас. Сега имаме сосема друга цел. Да се обединиме и да се обидеме да бидеме успешни. На секоја репрезентацијата и треба поддршка, верувам дека заеднички ќе успееме да ја подигнеме мотивираноста и квалитетот, изјави Пандев.
Горан Пандев ќе пристигне во Македонија во пресрет на пријателскиот натпревар против Црна Гора, а во функција на А репрезентацијата целосно ќе се стави по двата контролни натпревари на 12-ти и 17-ти ноември.