Потврдено, на Ериксен му е вграден дефибрилатор

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристиjан Ериксен, кој ненадејно колабираше на мечот со Финска, успешно е опериран и тој во наредните денови ќе биде пуштен на домашно лекување, објави италијанскиот дневен спортстки весник Gazzetta dello Sport.

На Данецот му е вграден дефибрилатор, што ќе му помогне да води нормален живот, но најверојатнонема да може да игра фудбал.

Засега е сигурно само дека во Италија нема да може да игра поради строгите здравствени контроли врз играчите. Правилата се многу рестриктивни за играчи кои имаат вакви проблеми.

Операцијата и вградувањето на дефибрилаторот, ќе значат и крај на кариерата на Ериксен, но Данецот ќе може да води нормален живот.

Некои негови соиграчи како Дејли Блинд исто така имаа слични проблеми, но продолжија да играат фудбал. Блинд два пати колабираше на теренот, но се уште настапува за Ајакс, но за разлика од него, состојбата со Ериксен е далеку посериозна. Тој нема да продолжи да игра фудбал бидејќи не смее премногу да го оптеретува телото, а со тоа и срцето.