Потврдено е дека причината за смртта на актерот Робин Вилијамс е самоубиство, а обдукцијата не покажала траги од алкохол или дрога .
– Смртта на г-дин Вилијамс настапила како последица самоубиство, без надворешно мешање. Експертизата покажа и дека тој не употребил алкохол или дрога, следствено посегнал по својот живот во сосема јасна свест”, соопшти иследникот од округот Марин, Калифорнија.
Робин Вилијамс почина на 64-годишна возраст на 12 август годинава. Тој беше пронајден мртов во својот дом во калифорнискиот град Тибурон, обесен на појасот. По сведоштва на неговите пријатели и колеги Вилијамс страдал од депресија предизвикана од зависноста кон алкохолот и финансиски проблеми.
Вилијамс е добитник на „Оскар“ за споредна улога во „Добриот Вил Хантинг“ (1998) и 5 кратен добитник на „Златен глобус“.