Издадени нови 775 потврди на азиланти

Издадени нови 775 потврди на азиланти
Издадени нови 775 потврди на азиланти

Во текот на изминатото деноноќие, издадени се потврди на вкупно 775 азиланти, од кои, 460 се мажи, 120 се жени и 188 се деца, како и за уште седум деца кое патуваат без родител, на кое издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Според државјанството на азиланти на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија -20.021, потоа Авганистан-1.943, Ирак-1.416, Пакистан-906, Сомалија-526, Палестина-435, Конго-285, Камерун-133, Еритреја-129, Нигерија-99, Етиопија-99, додека останатите се во помал број.

Поднесени 41 барање за азил

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 41 барањe за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во Прифатниот центар за азиланти во дневниот регистар на баратели на азил за вчера се евидентирани шестмина мажи,   баратели на азил, сите мажи.

 

Поврзани вести:

Македонија не е на “топ 3” листата на азиланти во ЕУРепублика Македонија не е на “топ 3 земјите со најголем извоз на азиланти во ниту една од земјите-членки на Европската унија и на Шенген-зоната во 2014 година, објави денеска Европската канцеларија за статистика (Евростат),