Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-177.130, потоа Авганистан-72.752, Ирак-29.100, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 02.12.2015 до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 02.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 02.12.2015 година евидентирани се вкупно 19 баратели на азил од кои осум 8 баратели на азил се мажи, 2 барателки на азил се жени, 8 баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател и 1 барател на азил е малолетник без придружба на старател.
Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 4 баратели на азил (две малолетни лица со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.