Повеќе десетици убиени во исламистичките напади на воени бази во Сомалија

.(AP Photo/Farah Abdi Warsameh, File)

Десетици војници и милитанти се убиени во џихадистичките напади врз две бази на сомалиската војска во саботата во мугрите.

Двајца милиманти со авомобили бомби извеле два напада врз воените бази во округот Авдегле и во селот Бариире во немерната покраина Долна Шабела, на 100 километри југозападно од сомалиската престолнина Могадишу.

„Напаѓачите од ал-Шабаб извешија утрово координиран напад на две воени бази во покраината Долна Шабела“, изјави во саботата во Могадишу владиниот портпарол Исмаел Мухтар.

Набрзо по бомбашките напади, тешко вооружените бунтовници отвориле оган врз воените бази. Потоа била активирана уште една моќна експлозија чија цел бил воен конвој кој како засилување за нападнатите бази се упатил од Могадишу. Престрелките траеле до утрото, а сомалкисте вооружени сили првично соопштија дека во двата напади униле 19 милитанти.

„Ги одбивме терористите кои сакаа да предизвикаат хаос во нашата војска. Загубивме четворица војници, а многу други се ранети“, изјавил за германската новинска агенција DPA, командантот на сомалиската војска Абдулахи Раже.

Подоцна командантот за државните медиуми изјави дека се убиени најмалку 45 бунтовнции. Локалното население вели дека многу цивили се ранети од заталкани куршуми.

Од ал-Шабаб објави дека организирал самоубиствени напад со автомобил-бомба врз базата Бариире, додека истовремено ја нападнал блиската база Адвигиле со авто-бомба и со борци, за да ги спречи војниците кои се наоѓале таму да дојдат како засилување во Бариире.

„Ја прегазивме базата Бариире, запаливме три воени возила и земавме две возила“, изјавил за Reuters Абдијазис Абу Мусаб, портпаролот на ал-Шабаб за воени операции зборувајќи за кусото заземање на воената база.

Третата моќна експлозивна направа била поставена исто така во возило а го погодила конвојот на владините сили кој брзал со засилување од Могадишу, додал Абу Мусаб. Потврдил дека имало жртви од двете страни.

Ал-Шабаб со години се бори за доминација во Сомалија. Терористичката групација која порано беше повразана со Ал Каеда а пред неколку години ѝ изрази лојалност на Исламската држава, откако пред десет години беше потисната од Могадишу и провинцијата Кисмају, во моментов контролира големи делови од југот и центарот на Сомалија, изведвујќи напади врз владини, воени и цивилни цели.