По растот на бројот на новозаразени последниве денови, неколку општини, како Неготино и Гевгелија побараа воведување полициски час на нивната териториија за да се стави вируот под контрола, но според министерот за здравство Венко Филипче засега нема потреба.
-Доколку се одлучи дека тоа може да има некаков ефект тогаш да, но засега во ниеден град нема потреба од полициски час, рече Филипче, при денешната посета на почеток на градежните работи на поликлиника во Општина Сарај.
Тој појасни дека во овој момент болничките капацитети не се загорзени. Место има, а се следи дали ќе продолжи трендот на раст.
-Тоа што го анализиравме во претходните денови беше анализа по градови, како и генотипот на вирусот, и да, зголемениот број новозаразени се должи на британскиот вирус над 70 отсто. Зголемена инциденца има во Скопје, Охрди, Прилеп, Кавадарци, рече Филипче.