Повеќе од 50 луѓе загинаа во ураганот Ajда

Повеќе од 50 луѓе загинаа во ураганот Ajда во североисточниот дел на САД, објавија официјалните претставници, објави денеска Гласот на Америка.

Седумнаесет смртни случаи се потврдени во државата Њујорк, четири лица го загубија животот во округот Вестчестер, додека останатите починаа во градот Њујорк.

Тоа се луѓе заробени во илегални подрумски станови во кои живееле поради ниските примања, изјави Кети Хокул новата гувернерка на сојузната држава Њујорк.

Во Њу Џерси се потврдени 27 жртви од бурата, додека четири лица се водат како исчезнати, изјави портпаролот на гувернерот Фил Марфи.

Њујорк и Њу Џерси се меѓу најтешко погодените држави. Покрај човечките жртви, јавниот превоз беше загрозен, а често имаше и недостиг на електрична енергија.

Беше објавено дека претседателот на САД, Џозеф Бајден, во вторник ќе ги посети погодените области.

Еднен загинат е забележан во американската држава Конектикат, најмалку четири во Пенсилванија, додека едно лице почина во Мериленд.

Бројот на жртвите од ураганот Ајда во Луизијана се зголеми на 12, и се стравува дека може да има повеќе, изјави гувернерот на таа федерална држава, Џон Бел Едвардс.

Во моментов во Луизијана нема повеќе од 718 илјади потрошувачи на електрична енергија. Исклучително високите температури и влажноста се исто така големи проблеми.

Ураганот Лари, кој се приближува кон североистокот на САД, исто така, претставува нова закана.