Околу 53 отсто од Французите сакаат да падне владата на премиерот Мишел Барние, незадоволни од неговиот предложен буџет, според анкетата на Ifop-Fiducial за Sud Radio објавена во четвртокот.
Анкетата покажа дека 67 отсто од испитаниците се против буџетот предложен од Барние, кој има за цел да го намали растечкиот јавен дефицит на Франција со зголемување на даноците и намалување на трошоците, додека 33 отсто го поддржуваат.
Владата на Барние би можела да падне пред католички Божик, а можеби дури и до следната седмица, доколку крјано десничарските и левичарските опоненти изнудат гласање за доверба во кое тој најверојатно ќе изгуби, според десетина извори од политичкиот спектар.
Резултатите од истражувањето на Ifop-Fiducial се засноваат на анкетирање на 1.006 испитаници спроведена на 26 и 27 ноември.
Во анкетата на компанијата Elabе за телевизискиот канал BFMTV во средата, 63 отсто од испитаниците рекоа дека претседателот Емануел Макрон треба да поднесе оставка доколку владата на Барние падне.