Кочанските пензионери останаа без дрва за огрев. Двете фирми со кои склучиле договор во февруари им ја откажаа испораката. Сега 760 пензионери кои дрвата си ги плаќаа на рати преку Здружението на пензионери зимава може да останат со студени печки.
Од Здружението велат причините се технички. Поради ланските пожари надлежните државни институции донеле одлука за намалена сеча и обновување на оштетената шума, затоа не можат да се испорачаат сите договорени количини. Но досега уплатените 10 милиони денари ќе им бидат вратени на пензионерите.
Оваа одлука ги изненади пензионерите кои со години набавуваат дрво за огрев преку Здружението на пензионери. Поголема група од нив реагираа поради откажувањето на испораката, особено што тоа се прави откако веќе ги платиле речиси сите рати.
Она што ги плаши е дека со вратените пари ќе можат да купат помала колична на дрва од онаа што претходно ја платиле, а тука се и измамниците на кои омилена мета им се токму пензионерите