9.8 C
Skopje
недела, март 2, 2025

Повеќе од еден месец Општината Кисела Вода молчи за барањето на жителите од Расадник

За да бидеме навистина конструктивни, Иницијативата “За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода” поднесе документ во Општина Кисела Вода со кој побара стопирање на монструозниот ДУП за Расадник кој речиси ЧЕТИРИКРАТНО ЈА НАДМИНУВА станбената површина предвидена со ГУП и даде предлог преку ЈАВЕН КОНКУРС да се да се избере најдобриот предлог за нов, цивилизиран ДУП, стои во Фејсбук статусот на иницијатива “За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода”.

– Изработката би ја ПЛАТИЛЕ членовите на иницијативата и жителите на Расадник. Ова барање е поднесено пред 40-тина денови и се уште НЕМА ОДГОВОР од општината. #зарасадникнаможности #захуманживотвокиселавода, пишуваат од иницијативата.