Агонијата на трутунарите продолжува. Дел од тутунот на тутунарите им остана дома. Премиерот Зоран Заев и министерот а земјоделие Адријанит Хоџа ги прелажаа тутунарите, им ветуваа повисоки цени и целосен откуп но од сето тоа нема ништо. Полни кутии со тутун пред единствениот откупен центар во Карбинци, за целиот штипски регион, но нема кој да го откупи. Откупени се само договорените количини, а за вишокот никој не е заинтересиран. Тутунарите велат дека повеќе од половина од годинашната реколта ќе остане не продаденa. Најголем проблем е тутунот што остана, пишува Курир.
-Два тони имав договорено, а имам уште два и пол до три тони што остана. Најголем проблем е тутунот што остана, ќе се расипе, немаме ни кутии да го чуваме, а ги нема ни другите откупувачи“, изјави Изет Исеин, тутунар од село Оџалија, Карбинско.
Тутунарите велат дека оваа година откупните цени сепак се екстремно ниски.
-Ланскиот квалитет го немаме, ама цените се катастрофални. Досега тутунот што го пласирав имам 130 денари во просек, изјави тутунопроизводител од село Лакавица, Штипско.
За жителите од под плачковичките села тутуно производството е единствен приход за егзистенција и со парите од реколтата се прехрануваат цели семејства.
Принудени се да ги намалат површините, а на јаловата почва друга култура не успева.
-Јас лани имав многу, околу 20 декари засадено, а годинава дали 5 декари ќе посадам. Многу е лошо. Цела година работиме, се мачиме, гладни работиме со децата, а ние друго немаме. Овде само тутун се обработува, друго нема, додаде Исеин.
Населението се занимавало и со сточарство, меѓутоа од пред некоја година се преориентирале на производство на тутун. Сега останаа и без стока и без пари, а не откупениот тутун ќе им скапува на таваните.