Во СВР Битола ПС Битола, денеска во 11,47 часот, А.А телефонски пријави дека во населба Баирот, на ул. “5-та“, М.Д и С.В вршеле агитација кон граѓаните во корист на политичката партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Денеска во 12,28 часот, непознато лице телефонски пријави дека во Битола, во населбата Баир, непознато лица со возило „БМВ“ агитирал и делел пари за гласање за одредена политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Во ПО Ново Село непознат граганин телефонски пријавил дека во с.Самоилово – Струмица, С.А од с.Ново Село со патничко возило Џип-црна боја со бугарски регистарски ознаки, било вршено групно носење на гласачи и агитирање.
Денеска во ПК Богданци, непознато лице по телефон пријавило дека во Богданци пред Дом на културата „Бранд Петрушевски“, непознати лица кои биле во возило „шкода октавија“ со партиски обележија вршеле агитирање.
Во ПС ОН Струмица, С.И од с.Чанаклија-Струмица, телефонски пријавил дека во с.Чанаклија директорот на комуналното претпријатие „Турија“ З.Н. од с.Пиперево вршел притисок и носел луѓе на гласање.
Во ПС ОН Струмица, непознато лице телефонски пријавило дека непознати лица од политичката партија вршеле агитирање пред избирачко место сместено во СОУ „Никола Карев“ во Струмица.
Во ПС ОН Струмица, непознато лице телефонски пријавил дека претставници од политичката партија И.П, Т.М и Б.М вршат агитирања и ги вознемируваат граѓаните пред гласачкото место во с.Банско-Струмица.
Во ПО Ново Село, непознато лице телефонски пријавил дека во с.Ново Село, К.В со патничко возило „цитроен“, ги носел луѓето на гласање и вршел притисок и агитирање.
Во 12,07 часот во ЦИК при СВР Тетово од страна на анонимен граѓанин пријавено било дека пред ОУ „ Екрем Чабеј“ лоцирано во село Слатина имало лица кои биле со патничко возило кој што наводно според пријавата агитирале за одредени политички партии. Пријавителот не можел да ги идентификува лицата, ниту пак возилото како и не знаел за која политичка партија непознати лицата агитирале.