Повеќе родени и умрени во градските средини

Според податоците на Државниот завод за статистика, во градските подрачја во земјава минатата година живородени се 11 224 деца или 60.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7 424 или 39.8% се во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.9 %, а најмало Источниот регион со 6.3 %. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја е 29.9 години, а во селските подрачја 28.4 години.

Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја е 28.3 години, а во селските подрачја 26.0 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2.3 години.

Во градските подрачја умреле 17 955 лица или 63.0 %, а 10 561 лице или 37.0 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупното број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30.6 %, а најмало Вардарскиот регион со 8.3 %. Во градските подрачја има 54 умрени, додека во селските подрачја 31 доенче.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја е 73.2 години, а во селските 73.3 години.

Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја изнесува -6 731 лице, a во селските подрачја -3 137 лица.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.9 % имаат преселбите од град во село, наспроти меѓуградските преселби со 9.4 %.

Во вкупните миграции на ниво на регион од град во село, најголемо учество има Источниот Регион со 49.2 %, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 52.2 %.
Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1 296 лица, а најмало во Југoисточниот регион 51 лице.