Повеќе скопски населби утре и без струја и без вода

Без електрична енергија утре од 9 до 11 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Методија Шаторов – Шарло”, „Вангел Тодоровски” и „Руди Чаевац” во Општина Аеродром.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Во периодот од 9 до 12 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „1″ во село Ржаничино, Општина Петровец, а од 9 до 13 часот корисниците од улицата „Наум Евро” од бр. 2 до бр.14 во Општина Карпош.

Без струја утре од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од село Радуша, Општина Сарај, а од 9 до 15 часот корисниците од улицата „Саса”, крак 18 и крак 32 во Општина Кисела Вода.

В петок без струја од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од населбата Стопански Двор, поточно делот во околината на фирмата „Галафарм” во Општина Ѓорче Петров.

Прекин во водоснабдувањето утре од 8:30 часот ќе имаат дел од жителите на Општина Карпош, лоцирани на улиците „Женевска” и „Хаванска”. Прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улицата „Женевска” 39. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување со активностите.

Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Топанска” бр.15, утре од 8:30 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „Прохор Пчински” и дел од улицата „Седми Јули” во Општина Чаир.