Повеќе американски универзитети им наредија на своите студенти да ја напуштат Италија и да не планираат студиски престој во Јужна Кореја, јави денеска „Вашингон пост“.
Големите универзитети во САД нудат меѓународни програми за своите студенти и една од најатрактивните дестинации е Западна Европа.
Весникот дознава дека повеќе од 340 илјади американски студенти биле на студиски престој во странство во академската 2017-2018 година. Во Италија во разни програми таа година биле вклучени 37 илјади студенти и земјата е втора најпопуларна дестинација за студирање на Американците во Европа по Велика Британија.
По епидемијата на смртоносниот коронавирус, која најпрвин се појави во Кина, а потоа се прошири во околу 40 земји во светот, тамошните програми на многу американски колеџи беа суспендирани. Сега, откако жариште на болеста избувна и во Италија, ист случај е и со тамошните студиски програми.
Така, Меѓународниот универзитет Флорида ги укина своите пролетни студиски програми во Италија, Сингапур, Јапонија и Јужна Кореја, и го повика сиот ангажиран кадар и студенти во тие земји да се вратат во САД веднаш, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Венсикот пишува дека Стендфорд ја прекинал својата студиска програма во Фиренца и за следниот семестар од март планира да спроведе дигитално следење на предметите во САД.
За својата слична програма во Фиренца, истото го стори и Њујорк универзитетот. Околу 300 студенти кои се на престој треба да се вратат во САД и да следат онлајн курсеви.
Слични запирања на програми и повлекувања кадар и студенти прават и универзитетите во Сиракуза и Висконсин, кој ја ја запре својата програма во Јужна Кореја, како и универзитетот Дјук, на Американскиот универзитет.