![angela merkel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/angela-merkel.jpg?resize=696%2C458&ssl=1)
Повеќе од половината жители на Германија не веруваат дека ќе им недостасува долгогодишната канцеларка Ангела Меркел која по 16 години заменуваа од оваа должност, покажува анкетата објавена во саботата.
Околу 52 отсто од испитаниците одговориле во истражувањето на јавното мнение спроведено од институтот Civey дека Ангела Меркел веројатно или сигрунио нема да им недостасува.
Меркел заминува од политичката сцена отако на власт мина четири последователни мандати. Германците излегуваат на избирачките меса во недела, кога по нејзината најава за повлекување ќе го бираат нејзиниот наследник на канцеларката должност. Последните анкети сугерираат, сепак, тесна трка меѓу традиционалните два главни кандиада, на социјалдемократите и на демохристијаните.
Околу 38 отсто од испитаниците, сепак, навеле дека Меркел ќе им недостасува. Нерешителни се 10 проценти од испитаниците.
Од друга страна кај нејзините демохристијански гласачи, 63 отсто се накломети кон одговорот дека Меркел ќе им недостасува. Досегашната канцеларка ќе им недостасува на само 2 отсто од поддржувачите на десната Алтернатива за Германија (AfD).
Со анкетата се опфатени 5.007 испитаници во периодот од 22-ри до 24-ти септември. Резултатите се пондерирани и репрезентативни за германското население повозрасно од 18 години.