Повеќето продавници во Словенија веќе нема да работат во недела и празници

Продавниците во Словенија во иднина ќе бидат затворени во недела и во државните празници, откако за две седмици на сила ќе стапи законот кој ноќта во вторникот го прифати парламентот, а за кој покрај владејачката коалиција гласаа и доста пратеници од опозициските партии.

Законот како исклучок одредува дека во неделите и празницитње и нараму може да работат продавниците со површина помала од 200 квадратни метри, како и продавниците во рамките на болничките комплекси и бензинските пумпи, на граничните премиени, на пристаништата и на аеродромите, на железничките и на автобуските станици. Овој исклучок има одредба според којашто за работата во неделите и празниците во нив ќе работата самите сопственици или хоноратно ангажирани студенти и пензионери.

Законскиот предлог пред четири месеци го поднесе опозициската партија Левица, со тврдењето дека забраната за работа на продавниците во неделите и празниците која се спроведуваше во време на пандемијата на коронавирусот би требало законски да биде продолжена и по завршувањето на коронакризата. Но тогаш немаше согласност за тоа, па парламентот ја прифати дури откако со него се согласи и владејачката коалиција, како и дека од опозициските партии. За законот гласале 72 пратеници, а 13 биле против.

Словенците на необврзувачкиот референдум ја поддржаа забраната за работа на продавниците во недела уште во 2003 година, кога за забраната се изјаснија 57 а проци 43 отсто. Но тоа на Уставниот суд го оспоруваа работодавачите, па големите продацници можеа да бираат десет недели во годината кога ќе бидат затворени за муштериите, а инаку работеа и во неделите.